Поради градежни активности утре забрането паркирање на ул. „Даме Груев“ информираат од Општина Охрид.

Се известуваат жителите од улица „Даме Груев“ и останатите охриѓани дека во понеделник на 3 октомври околу потегот кај Старото кино ќе започнат градежни активности за санација на фекалната канализација. Поради тоа во тој ден ќе биде забрането паркирање возила на оваа улица, додаваат од Општина Охрид.

OhridNews