Од утре до 3 февруари ќе се спроведува екстерно тестирање на матурантите. Како што информираат од Државниот испитен центар, со тестирањето ќе бидат опфатени 18.600 ученици во завршни години во средното образование.
Училиштата ги објавија и распоредите со предмети по кои учениците ќе бидат проверувани. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари 2017.