Екстерното тестирање на учениците за учебната 2015/2016 година во јунската сесија ќе се спроведува од утре до 11 јуни. Како што информира Државниот испитен центар во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и средните училишта. Учениците се тестираат по два предмета кои ги дознаваат три дена пред полагањето, така што на учениците што ќе бидат тестирани утре предметот им беше соопштен во петокот попладне.  

Поради уписите во средно училиште (28-ми и 29 јуни), резултатите од екстерното тестирање најпрво ќе бидат објавени за деветтодделенците (на 13 јуни), а за сите останати ученици на 17 јуни.

Екстерното тестирање беше воведено во учебната 2012/2013 година со цел да се провери објективноста на наставниците при вреднувањето на успехот на учениците.

OhridNews