Во магичното предворје на црквата „Св. Софија“ од утре до недела ќе се одржи третото издание на „Охрид џез фестивал 2025“ во организација на Општина Охрид. Трите вечери ќе бидат исполнети со ритам, страст и врвна музика, велат од Општина Охрид.

Сите концерти се со почеток од 20:30 часот во предворје на црквата „Св. Софија“
Три вечери, еден фестивал, безброј моменти за паметење. Не пропуштајте!, порачуваат организаторите.
Општина Охрид го организира Фестивалот со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации.
OhridNews











