Ликовни уметници од Бугарија, Црна Гора, Албанија, Русија, и Македонија беа дел од третата Меѓународна ликовна колонија “Вевчански видувања 2012” која изминатите две седмици се одржуваше во Вевчани.

Целта на оваа колонија, која ќе биде затворена утре, е да собира еминентни уметници од регионот и од карневалските градови, кои инспирирани од убавините на Вевчани и неговите извори, создаваат уметнички дела кои придонесуваат за поголемо меѓусебно запознавање и зближување.

На Колонијата свое учество зедоа ликовните уметници: Анастас Константину-Тасо (Албанија), Ана Фервалева и Ана Богданова (Русија), Ана Лаковиќ (Црна Гора) Милослав Бонов – Мибо, Петар Бељаси (Бугарија), како и Трајче Јанчевски, Глигор Чемерски, Павле Кузманоски, Илија Кавкалески, Илија Пенушлиски, Таки Павловски, Костадин Качев, Стефан Хаџиниколов, Данчо Ордев, Решат Амети, Петар Попчев, Никола Иванов Балтон, Емил Шулајковски, Оливера Велкова, Владимир Темков, Јулијана Гешоска, Александар Филев, Војдан Запров, Стеван Поповски, Менсур Бојда и Владимир Симеонов (Македонија).

Колонијата, која се одржуваше во комплексот ВИА Игнација, ја организираат Фондацијата за стратешки истражувања “Киро Глигоров” и ДОО ВИА Вевчани.

OhridNews