
Услугата се користи во текот на летниот распуст во смени од по 7 дена, во некој од летните туристички центри. Одобрениот термин за користење на услугата не може да се менува, освен доколку постојат оправдани причини. Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), едукативни, забавни и спортски активности. Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот. Превозот на децата од одреденото место од страна на надлежниот Центар за социјални работи до одмаралиштето и обратно ќе биде организиран.
Потребни документи за користење на услугата: За користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење. Барањето го издава надлежниот Центар за социјална работа. Барањата можат да се поднесуваат до утре, 10-ти јули, односно до пополнување на предвидениот број на корисници, во просториите на надлежните Центри за социјална работа.
Лицата кои ќе ја користат услугата ќе бидат информирани од страна на надлежниот Центар за социјална работа.
OhridNews











