Во петок завршува Конкурсот за  доделување на општинска  награда – Патрон на градот  „Св. Климент Охридски“ и Конкурс за  доделување на Повелба, во чест на празникот  „Св.Климент Охридски“ Патронот на Охрид за 2013 година.

Со наградата се  оддава највисоко признание за животно  дело, односно долгогодишни остварувања и   врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општината, што претставуваат посебен придонес за развој на општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот.

Повелбите  се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општината.

Право на учество на конкурсите имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

OhridNews