Традиционално АК Охрид трчаТ организира детска трка за најмалите, првачињата, по повод Светскиот ден на физичката активност. Сите првачиња на територија на Општина Охрид и Општина Дебрца ќе имаат можност да се дел од Охрид трчаТ Детска трка 2025.

Утре, стадионот „Билјанини Извори“ ќе блесне од енергија, насмевки и детска радост! За најмладите, трчањето е авантура полна со насмевки и забавни моменти! Да ги мотивираме децата да спортуваат, да се дружат, да развијат физички вештини, да бидат тимски играчи и да играат фер, велат организаторите.

Станува збор за неформална трка каде сите учесници (првачиња) ќе истрачаат 100 метри поделени во групи. Оваа трка нема победници на оваа трка сите се победници. Учеството на трката е бесплатно и за сите учесници АК Охрид трчаТ обезбедува маица, медал (финишер), вода и секако подароци од партнерите на детската трка.

Трката ќе се одржи утре, 9 мај, со почеток во 10:00 часот на градски стадион “Билјанини Извори”.

Н.С.Ј.