Утрово во Охрид се измерени -8 степени Целзиусови, информира УХМР. Најстудено утрово било во Берово -18, Скопје-Петровец и Крива Паланка -15, Маврово -14…

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Во вечерните и ноќните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои на некои пониски места ќе поминуваат во дожд, а локално ќе има и појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 2 степена.

OhridNews