Утрово во Охрид измерена е температура од еден степен Целзиусов. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево и попотопло време, со слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура во Охридскиот регион ќе се движи до 14 степени.
Сончево и потопло време не очекува и во текот на утрешниот ден, а од понеделник под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд.
OhridNews












