Најниската температура измерена утрово е во Берово од -16 степени. Минус 14 Целзиусови степени се измерени во Крива Паланка, -13 во Маврово, -12 во Скопје и Крушево, -11 во Лазарополе, -10 во Битола, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Куманово.

Во Охрид утрово беа измерени -9 Целзиусови степени.

Постепено покачување на температурата се очекува во текот на денот кога се предвидува максимална температура од 5 степени. Студено ќе биде и во текот на ноќта кога се очекува температурата да падне до 5 степени под нулата. Од утре па во наредните денови се предвидуваат и врнежи од дожд и температури над нулата кои ќе се движат од четвртиот до седмиот степен. 

OhridNews