Утрово низ земјава се бележат минусни температури и до под 20-тиот степен под нулата. Најстудено со минус 28 степени утрово било во Берово. Во Битола -25, -24 Маврово, -23 Лазарополе и Крива Паланка, -22 Тетово и Крушево, -21 Скопје Петровец, Штип и Прилеп, -20 Виница, -19 Куманово, Ѓуриште и Тополчани, -18 Струмица, -17 Демир Капија, -16 Охрид и Претор, -15 Дебар, -12 Дојран, -10 Гевгелија и -17 во Скопје.
Снежната покривка се движи од 8 сантиметри во Претор и Демир Капија, 9 во Струмица и Скопје, 10 Скопје Петровец, 11 Виница, 14 Штип и Прилеп, 15 Охрид, 17 Битола, 20 Куманово, Ѓуриште, 21 Крива Паланка, 23 Крушево, 27 Берово, 30 Дебар и Тетово, 35 Тополчани, 49 Лазарополе, 56 Пожаране и 78 Маврово.
OhridNews