Во Македонија утрово се измерени минусни температури речиси насекаде. Најстудено било во Берово -7, Скопје -6, Гевгелија, Демир Капија, Струмица, Битола и Маврово -5, а во Охрид во 7 часот минималната температура изнесувала – 1,5 степени Целзиусови.

И во наредните денови утринските температури ќе бидат во најголем дел под нулата, а на места ќе се спуштат до -6 степени. Преку ден се очекува сончево, суво и стабилно време со темперарура од 6 до 16 степени.

OhridNews