Уште една студена ноќ е зад нас. Најниска температура утрово е измерена во Маврвово -11, а во Охрид минималната температура се спушти до -7 степени Целзиусови.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и до 70 км/ч. Во северните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 2 степени.
Во последниот ден од 2016 година ќе имаме сончево но студено време со мала до умерена облачност, со слаб до умерен северен ветер и температура до 2 степени.
Претежно ведро и студено ќе биде и во шрвиот ден од новата година кога на места минималната температура ќе се спушти до -13 степени Целзиусови.
OhridNews