Во врска со вчера пронајденото безживотно тело во атарот на село Рамне, по извршениот увид од страна на истражен судија и полициски екипи на СВР- Охрид, утврдено е дека станува збор за Ѓорѓи Т., роден 1943 година во село Рамне, со постојано живеалишште во Охрид.
Како што информираат од СВР- Охрид, врз телото не се пронајдени знаци на насилство, односно дека се работи за природна смрт.
Вчеравечер, телото е предадено во Општата болница за да се изврши обдукција која треба точно да покаже како настапила смртта.












