Параглајдеристот кој вчера го загуби животот во несреќата што се случи кај Љубаништа е 39- годишниот Д.Ш.И од Будимпешта. Од СВР Охрид информираат дека продолжува истрагата за утврдување на причините поради кои дојде до несреќата.
Според очевидци Д.Ш.И. летал од планината Галичица по што паднал од висина од околу двесте метри во вода непосредно до брегот. Со глисер веднаш бил извлечен на плажата каде прва помош му пружиле обучени спасители на вода од Црвениот крст, а потоа и лекари од итната помош. За жал повредениот параглајдерист им подлегнал на повредите.
OhridNews