Познат е распоредот на мечевите на јубилеен 40-ти „Струшки ракометен турнир“ кој од 15 до 18 август ќе се игра на ракометното игралиште Женска плажа во Струга.
На турнирот учество ќе земат Металург од Скопје, петткратен македонски првак и четирикратен освојувач на купот на Македонја, Данкерк од Франција, лански финалист во ЕХФ купот, Динамо Минск шампионот од Белорусија и учесник во Лигата на Шампиони, Брест Мешков вицешампион во Белорусија и учесник во ЕХФ купот, Дадеман Бакау вицешампион во Романија и учесник во ЕХФ купот, како и домаќинот Струга.
Распоред на натпреварите
18.30 часот: Динамо Минск – Струга
20.00 часот: Свечено отварање.
20.45 часот: Металург – Дадеман Бакау
 
16.08.2012 (четврток):
19.00 часот: Брест Мешков – Дадеман Бакау
20.30 часот: Данкерк – Динамо Минск        
 
17.08.2012 (петок):
19.00 часот: Данкерк – Струга
20.30 часот: Металург – Брест Мешков
 
18.08.2012 (сабота):
18.00 часот: Натпревар за 5-то место.
19.30 часот: Натпревар за 3-то место.
21.00 часот: Финален натпревар.
22.30 часот: Доделување на награди и свечено затворање на турнирот.