Новата реформска Влада ќе биде составена од 15 ресори неколку министерства без ресори, пакетот на предлогот оди буквално имињата на сите 15 ресори и имињата на сите без ресори, понатаму со одлука на Влада се определуваат личностите без ресори каква надлежност Владата доделува на самите министри без ресори, а од вкупниот број на вакви имиња се бираат и замниците претседатели на Владата на Р.Македонија, изјави доцна синоќа по состанокот на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз мандатарот за состав на нова влада Зоран Заев.

Предлогот за состав на новиот владин кабинет на СДСМ е следниот: 

Министер за одбрана ќе биде Радмила Шекеринска,
Министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски,
Министер за надворешни работи ќе биде Никола Димитров,
Министер за труд и социјална политика ќе биде Мила Царовска,
Министер за финансии ќе биде Драган Тевдовски,
Министер за образование и наука ќе биде Рената Дескоска,
Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Љупчо Николовски,
Министер за транспорт и врски ќе биде Горан Сугарески,
Министер за култура ќе биде Роберт Алаѓозовски,
Министер за информатичко општество и администрација ќе биде Дамјан Манчевски,
Министер без ресор, Кочо Анѓушев,
Министер без ресор, Роберт Поповски,
Министер без ресор, Едмонд Адеми,
Министер без ресор, Аднан Ќахил,
Министер без ресор, Самка Ибраимовски,
Министер без ресор, Зорица Апостоловска,
Министер без ресор, Зоран Шапуриќ.

OhridNews