Во Албанија девет области се оценуваат како најзагадени, меѓу кои и една на крајбрежјето на Охридското Езеро.

Податоците се изнесени во Студијата за идентификација на најзагадените области во Албанија, кој е дел од проектот ма УНДП која покрај идентификацијата има за цел да се преземат и мерки за намалување на загадувањето.

Една од двете најзагадени области во Албанија е и областа кај крајбрежјето на Охридското Езеро во делот кај ископот на рудникот за црвен камен.

Потоа како други најзагадени области се јавуваат и две локации во периферијата на Тирана, како и областите на одредени рудници кои се во близина на Берат, Пренјас, Корча и Железарата  кај Елбасан.

Албанските екологисти оценуваат дека неопходни се активности за да се спречи понатамошното загадување на животната средина во наведените области бидејќи тоа е големо.

OhridNews
извор: „Макфакс“