Утврдени локациите на кои ќе се градат јавни тоалети
17.07.13 10:46
Од локалната самоуправа со ветување дека конечно ќе се реши проблемот кој се провлекува со години- немањето на јавни тоалети во централното градско подрачје.
Како што информираат од секторот за урбанизам, локациите се веќе утврдени. Предвидено е да се изградат јавни тоалети меѓу Амамот и комплексот Летница, кај старото училиште „Св. Климент Охридски“, на Плаошник, на потегот меѓу улиците „Самоилова“ и „ Коста Абраш“, а ќе се реконструираат и старите јавни тоалети под Долни Сарај.
Во меѓувреме, проблемот ќе се решава со поставување на мобилни тоалети.
Во текот на изминатите години овој проблем особено беше потенциран од страна на туристичките водичи кои нагласуваа дека е невозможно да се реализираат неколкучасовните тури низ градот без посета на јавни тоалети.
Од страна на екс локалната самоуправа за тоа што досега не се изградени јавни тоалети ја обвинуваа централната власт, затоа што не давала согласност за нивна изградба на утврдените локации .
Продолжува опаѓањето на нивото на Охридско Езеро Според неделната анализа на Управата за хидрометеоролошки работи водостојот три дена по ред е на кота од 69315 мнв што е за 5 сантиметри над дозволе...
Денес (19102026), со почеток во 17:00 часот, ќе бидат извлечени главните награди од хуманитарната и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „За посреќно детство“ Во извлекувањето ќе учеству...
На 17/18102026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со секторите за внатрешни работи и во координација со надлежните инспекциски служби, спроведе контроли во 66 угостителски об...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.