Екипата на Јувентус е првиот патник во финалето во Купот на Италија. „Старата дама“ пласман во финалето обезбеди благодарание на правилото гол во гости, откако првиот дуел со Милан на Сан Сиро заврши 1-1 додека реваншот на Торино 0-0.

Јувентус во реваншот пред своите гледачи имаше шанси но не успеа да ги валоризира. Милан остана со играч помалку по само 15 минути игра. Директен црвен картон доби Хрватото Ребиќ. Во претходната акција, Роналдо не реализираше од белата точка. Јувентус доминираше, но не најде начин за погодок и со две реми средби се пласираше во финалето.

Противник на Јувентус во финалето ќе му биде подобриот од дуелот Наполи – Интер. Фудбалерите на Наполи на домашен терен го пречекуваат Интер со предност од 1-0 од првиот натпревар.

OhridNews