Девојката на Даниеле Ругани, Микела Персико во јавноста излезе со други датуми во однос на оние кои ги соопшти Јувентус, после позитивниот тест на дефанзивниот фудбалер и отвори голема простор за сомнеж дека клубот од Торино ги скрил резултати во пресрет на дербито со Интер.

„Даниеле Ругани е заразен со коронавирусот“, објави Јувентус на 11 март, поврдувајќи дека во клубот го има првиот позитивен случај на Ковид -19. Но тој датум не се совпаѓа со изјавата на Персико. Таа изјав дека Ругани лошо се чувствувал на 8 март на денот кога се играше дербито со Интер и бил тестиран. Ругани мечот го помина на клупата, Јувентус победи во дерби натпреварот и се одлепи шест бодови од Интер.

Даниеле се врати дома од тренинг и не се чувствуваше добро, имаше температура и ги извести претпоставените во клубот дека ќе спие дома а не со играчите заедно. Сабајле на 8 март кога се разбуди се чувствуваше подобро, но клубот одлучи да го тестира на вирусот. Јас се тестирав осум дена подоцна и мојот тест излезе позитивен. – стои во изјавата од Персико.

Одредени медиуми во Италија сметаат дека Јувентус не постапил правилно и требало порано да ги извести челниците на Серија А и дербито да биде одложено.

Подоцна, позитивни на коронавирусот беа Пабло Дибала и неговата девојка и францускиот репрезентативец Блас Матуиди.

OhridNews