Фудбалскиот клуб Јувентус се надева дека Кристијано Роналдо ќе биде подготвен за мечот со Барселона во Лигата на шампионите.

Роналдо е позитивен на коронавирус, што се покажа со последниот тест. Тој е во карантин во неговата куќа во Торино. Наведено е дека Португалецот нема симптоми и тренира самостојно.

Нов тест ќе се направи во сабота, а доколку биде негативен, Роналдо ќе може да го напушти карантинот.

Јувентус ги обезбеди сите потребни документи, имајќи предвид дека правилата на УЕФА предвидуваат дека играчот не смее да има симптоми една недела пред натпреварот.

OhridNews