Италијанскиот првак Јувентус нема да се откаже од намерата да го доведе Пол Погба и уште во текот на зимскиот преоден рок ќе испрати конкретна понуда до адресата на „црвените ѓаволи“.

„Бјанконерите“, во понудата ќе ги вклучат Марио Манџукиќ и Емре Чан и плус дополнителни финансиски средства кои би требало Манчестер Јунајтед да ги прифати и да го пушти Погба да се врати во Италија.

Погба токму од Торино за рекорден трансфер во Серија од 110 милиони евра се пресели во Манчестер Јунајтед. Французинот со игрите дресот на англичаните не воодушевува и се повеќе е мета на критики од симпатизерите на клубот и англиската јавност.

Репрезентативецот на „триколорите“ исто така е желба на Реал Мадрид, кој се очекува да се вклучи во трката ако фудбалерот се одлучи да замине од Олд Трафорд.

OhridNews