Околу 170 работници, од кои 40 жители на општина Дебрца се ангажирани на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, каде градежните активности се во тек. Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, изврши увид врз активностите, со оглед на тоа дека значаен дел од патниот правец минува низ Дебрца, соопшти локалната самоуправа.
Посетата Трајкоски ја изврши заедно со Арбен Дака управител на компанијата Викторија Инвест ДОО–Елбасан, подизведувач на 4-тата и 5-тата делница од автопатот.
Изградбата на автопатот е во напредна фаза и според најавите треба да е готов во текот на 2018 година, велат од општина Дебрца.
OhridNews