– На 04.07.2004 година, по големите несогласувања со новото раководство на тогашното ВМРО – ДПМНЕ, приврзаниците на Љубчо Георгиевски се одделија од таа партија и ја формираа ВМРО – Народна партија. Партијата со своите подеми и падови денес функционира како трет политички субјект по број на гласови кај македонските партии, потенцираат од ВМРО-НП.
На свечениот коктел беше промовирана и автобиографската книга на лидерот Љубчо Георгиевски “Тоа сум јас”.











