Полицијата покренала постапка против неколку лица во Струга и Охрид, поради сомнение дека извршиле узурпација на недвижнини.

Тројца стружани се товарат дека незаконски узурпирале јавна површина во центарот на Струга на која биле поставени времени објекти и урбана опрема.

Полицијата констатирала узурпација на недвижен имот и во центарот на Охрид за што постапка е покрената против едно лице. Според полицијата на просторот кој бил во сопственост на државата без да биде запазена потребната законска постапка подолг период била поставена опрема за вршење угостителска дејност за што не бил плаќан надомест.

OhridNews
извор: МВР