Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните најдоцна до 31 мај да направат увид во генерираните ДЛД-ГДП кои се однесуваат за остварените приходи во 2024 година, а се поставени на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“.

Секој кој е регистриран на системот „е-Даночни услуги“ има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31 мај 2025 година, да ја потврди или да ја коригира годишната даночна пријава доколку е потребно да се направи корекција, велат од УЈП.

Корисниците, посочуват треба да се најават со своето корисничко име и лозинка, да ја отворат сопствената пријава (ДЛД-ГДП), да ги прегледаат податоците (приходи, данок, одбитоци) и да кликнат „Потврди“ доколку пресметките се според остварениот доход.

Доколку треба да изменете, кликнете „Коригирај“, поднесете ја и потврдете ја пријавата. Доколку се појавува обврска за доплата ќе добиете генериран налог со фолио број за плаќање. Доколку имате повеќе платен данок можете во самата пријава да искажете барање за враќање на данокот, додаваат од УЈП.

OhridNews