Гласините дека Охрид крие големо богатство кое тука го оставиле цивилизациите кои живееле на овие простори во далечното минато се бујна фантазија на трагачите по злато, кои во потрагата по него нанесуваат голема штета на археолошките локалитети, вели археологот Владо Маленко. Такви трагачи има многу, тоа се опседнати луѓе кои можеби нешто и ќе најдат претежно во гробовите, но скриено богатство како што се зборува, не постои, дециден е Маленко.

За легендите и митовите за големите богатства, неистражените археолошки локалитети и тајните кои тие ги кријат, ексклузивно во вториот дел од „Охридски разговори“ говори археологот Владо Маленко.


“Охридски разговори“ со археологот Владо Маленко

OhridNews