Временските прилики ги диктираат условите за игра во втората кошаркарска лига. Првичниот термин на одигрување на мечот помеѓу Лихнидос и Водњански Лисици беше во в сабота во 19:30 часот, но поради ладното и студено време мечот е одложен за в недела во 13:00 часот.

Кошаркарите на Лихнидос имаа две седмици да се спремат за овој натпревар. Минатото коло охриѓани беа слободни и немаа обврски во втората кошаркарска лига.

По шест одиграни натпревари охридските кошаркарите се наоѓаат на четвртата позиција со десет бодови еден помалку од лидерот на табелата Апаве.

Мх.П.