– Не само Косово, туку и во делот на Санџак, но и Република Македонија нема да остане надвор од тоа. Има одредени вахабистички структури кои што предизвикуваат одредени дејствија и да се надеваме дека Македонија ќе успее на некој начин да го надмине тој проблем, но сега за сега основната безбедносна дилема за нас доаѓа од внатре, од Македонија и од нашите непосредни соседи, вели професорот Никола Дујовски од Факултетот за безбедност во Скопје.
На опасноста од вахабистите посочи и Исламската верска заедница во Македонија која вчера побара од надлежните институции да се справат со радикалите кои опасно го поткопуваат мирот во земјата и прават раздор помеѓу верниците.
Наспроти ваквите предупредувања македонската полиција смета дека нема опасност од прелевање на евентуална криза од Косово во Македонија, ниту од дестабилизација на земјата од вахабистички или терористички организации. За безбеденосните предизвици во регионот неодамна во Охрид разговараа директорите на полициите од земјите на југоисточна Европа кои информираа дека во изминатиот период заеднички реализирале неколку успешни акции со што бил спречен шверц на оружје наменето за големи терористички организации во Европа.