Ливерпул го освои целиот плен на Енфилд победувајќи го Манчестер Сити со минимални 1-0 во дербито од 19-та рунда во Премиер лигата.
Одлуката за победникот падна во 8-та минута кога Жеоржињо Вајналдум ја погоди мрежата на Клаудио Браво после нафрлувањето на Адем Лалана.
Со победата во дербито „црвените“ го продолжија походот кон Челси, додека „граѓаните“ си ја загрозија 4-та позиција на табелата.
OhridNews