Селекторот на Словачка, Владимир Вајс беше задоволен од победата, но ја искористи приликата да ја пофали македонската репрезентација, потенцирајќи оти патникот на ЕП ќе биде одлучен на теренот во Македонија.

 – Заслуживме да победиме. Во второто полувреме создадовме повеќе шанси од кои реализиравме само една и тоа во финишот. Македонија има одличен тим, верувам дека патниците за ЕП 2012 ќе се одлучат токму на теренот во Македонија – истакна Вајс.

Ohridnews