Вакциналниот пункт за Ковид 19 од денес е префрлен во просториите на Маларична спроти гимазијата. Вакциналниот пунк е отворен од понеделник до петок информира вели Д-р Соња Маринова, раководител на служба за вакцинација во Охрид.

Вакцининалниот пункт работи од 7 до 15 часот, со тоа што со вакцинирање почнуваме од 7.30 часот до 14 часот. Во петок се вакцинира до 12 часот, затоа што после 12 часот екипата оди на вакцинации во домашни посети, вели Маринова.

Во моментов, додава, се вакцинира со вакцината на Фајзер и тоа и за прва, втора и трета доза.

Пунктот за вакцинација е префрлен заради намален обем на работа, заради порационалност од економски причини и бидејќи Маларична е поблиску во центарот на градот и ќе бидеме поблиску до корисниците на вакцините, додава Маринова.

Според Д-р Маринова, намалениот интерес за имунизација кај населението се должи на тоа што голем дел од охриѓани се вакцинирани.

Н.С.Ј.