Непоразениот мексикански боксер, Оскар Валдез во саботата ја зголеми својата репутација, откако го „патосираше“ сонародникот Мигуел Берчелт со сензационален нокаут со левицата која предизвика противникот да остане на подот неколку минути во несвест.

Валдез го финишираше противникот на една секунда пред крајот на десеттата рунда од мечот за ВБЦ титулата во супер-перо категорија во „МГМ Гранд“ во Лас Вегас, откако претходно Берчелт двапати беше на подот, но судијата не го прекина мечот.

Берчелт, кому му течеше крв од носот, остана две минути на подот во несвест, пред да затане на нозе.

Имам листа на луѓе кои се сомневаа и нема поубаво нешто на светот од тоа да им докажеш дека не се во право, – вели Валдез.

OhridNews