Франција посакува колку што е можно поскоро да се најде заеднички прифатливо решение за двете соседни земји, Македонија и Грција, во спорот околу нашето уставно име. Ова во Охрид го изјави францускиот амбасадор во Македонија – Бернар Валеро.

Иако- како што рече Валеро, овој проблем воопшто не е во доменот на моите надлежности, немам намера за проблемот да ги барам виновнците насекаде.Мислам дека треба да се направи напор и одговорно да се пристапи кон ситуацијата, затоа што кога има проблем треба да се бара решение, рече Валеро.     

За Валеро, минатонеделната средба во Париз на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, -Милошоски и Бакојани е позитивен сигнал дека има расположение кај двете страни, за конечно окончување на 17 годишниот спор за името.   

Ohridnews