Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк ја освои наградата на УЕФА за фудбалер на годината, а во изборот на ФИФА (гласаат капитените и селекторите на репрезентациите, односно новинарите и навивачите) заврши на второто место зад Лионел Меси, а пред Кристијано Роналдо.

Иако обложувалниците го фаворизираа Ван Дајк, тој не е разочаран од расплетот за наградата на ФИФА.

  • Луѓето кои гласаа донеле одлука и јас тоа го прифаќам. Не можете мене и Меси да не споредувате како фудбалери, целосно сме различни. Горд сум на себе што се наоѓам овде. „Разочаран? Не можам да бидам разочаран, затоа што се се најдов во елитно друштво. – изјави Ван Дајк.

Холанѓанецот имаше прилика да го повтори успехот на Фабио Канаваро кој е во 2006 година се закити со наградата играч на годината а доаѓа од последната линија од теренот. Послецниве десет години Роналдо и Меси ги поделуваа наградите, а минатата година на тронот се искачи Лука Модриќ.

OhridNews