Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави тројца финални кандидати кои ќе се борат за престижната награда. Очекувано место  имаше за Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а триото го заокружува Вирџил ван Дијк, кој е и најголем фаворит.

Долги години Роналдо и Меси ги поделуваа наградите а доминацијата ја прекина Лука Модриќ минатата сезона а оваа тоа може да го направи дефанзивецот на Ливерпул.

Ван Дијк стигна до титулата во ЛШ со клубот од Енфилд и беше прогласен за играч на натпревар во финалето. Одбранбениот играч беше вклучен и во идеалната постава во Премиер лигата. Роналдо со Португалија го освои трофејот во Лигата на Нации, а со Јувентус триумфираше во Серија А. Меси ги крена пехарот во Ла Лига и заврши како најдобар стрелец во Шпанија и Европа.

Добитникот на наградата ќе биде соопштен на 29 август кога ќе се извлекуваат групите за новото издание на Лигата на Шампиони.

OhridNews