Рекордното засилување на Манчестер Јунајтед, Анхел ди Марија имаше натпревар за заборав на Олд Трафорд против Сандерленд. „Ѓаволите“ благодарание на Вејн Руни победија 2-0 и ги освоија бодовите, а Аргентинецот беше заменет на полувремето.


– Јас како менаџер на Манчестер сакам да победувам. Правам анализи и во текот на мечот ги преземам потребните чекори да стигнам до тоа. Еден таков чекор беше измената на Ди Марија со Аднан Јанузај на полувремето, кој не беше на посакуваното ниво. Подоцна токму на страната од Јанузај пробивме, постигнавме два погодоци и победивме, така да измената беше оправдана и сосема точна. – рече холандскиот стручњак.

Менаџерот на „ѓаволите“ по водечкиот погодок веднаш од игра го извади и Радамел Фалкао, кој го изнуди пеналот, а Руни го погоди.

– Импресиониран сум од акцијата за пеналот, но исто така реков претходно дека сакам да победувам и внесувањето на Фелаини во игра беше тактичка измена. Моравме да ја задржиме топката во својот посед да не го загрозиме водството. – потенцираше Ван Гал.

По победата над „црните мачки“ фудбалерите на Манчестер избија на третата позиција, место кое води во Лигата на Шампиони.

Мх.П.