Холанѓанецот Робин Ван Перси преку неговиот агент Кее Вос побарал неделна плата од 195 илјади фунти од италијанскиот првак Јувентус. Доколку добие толкава плата капитенот на Арсенал ќе биде еден од најплатените фудбалери на светот.


Покрај Јувентус, за потписот на РВП заинтересирани се уште Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Двократниот фудбалер на годината ја одбил понудата од 130 илајди фунти од Арсенал, во желба да го напушти клубот. Сити му плаќа на Јаја Туре 225 илјади фунти неделно, додека Вејн Руни добива 200 илјади фунти од Јунајтед.

Шпекулациите за заминување на Ван Перси ги подгреваат и информациите дека дресот со број 10 во новата сезона ќе го добие новата аквизиција Лукас Подолски.

Арсенал досега потпиша со напаѓачите Лукас Подолски и Оливие Жиру, а доколку Ван Перси замине се очекува Венгер да тргне по Фернандо Љоренте.

Ohridnews