Холандскиот репрезентативец Робин ван Перси под палката на Сер Алекс Фергусон имаше можност да биде само една сезона, а во неа да стигне до титулата во Премиер лигата.


– Морам да му се заблогадарам за одличната година и за тоа што ми помогна да го остварам мојот сон да се освои лигата во Англија. Јас му посакувам нему и на целата фамилија се најдобро – рече Ван Перси.

Холандската машина за голови сезонава го предводеше Јунајтед до јубилејната 20-а титула во Премиер лигата со 25 погодоци, а има уште два меча да ја поправи таа бројка.

Мх.П.