Робин ван Перси пред стартот од сезоната направи трансфер во Манчестер Јунајтед од Арсенал. Навивачите на “топџиите“ револтирани од трансферот на Холанѓанецот ги палеа неговите дресови. Ван Перси веднаш стигна до првата титула, а како шампион ќе биде поздравен на “Емирати“.

– Јас секогаш ќе имам респект за навивачите на Арсенал. Тие го сакаат нивниот клуб затоа го разбирам нивниот гнев. Играчите, менаџерот и директорите заминуваат но навивачите секогаш остануваат. Прв пат ќе настапам на Емирати за друг клуб а не за Арсенал, а таму имам добри сеќавања – рече Ван Перси.

Со 24 голови холандската машина за голови е најдобар стрелец во Премиер лигата, а ако постигне погодок на дуелот со Арсенал нема да го прослави.

Мх.П.