Холандскиот репрезентативец Робин ван Перси со погодок во ремито 1-1 меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед се врати на “Емирати“.


Холандската машина за голови наиде на “срдечен“ пречек од навивачите на Арсенал, но тој го одржа ветувањето дека ако постигне гол нема да го прослави. Така и направи по голот од пенал, кој значеше изедначување.

Претходно “топчиите“ во водство ги донесе Тео Волкот уште во втората минута од крајно дискутабилна ситуација.


Резултати : Арсенал – Мен Ју 1-1, Челси – Свонси 2-0, Ридинг – КПР 0-0.

Табела : Мен Ју 84, Мен Сити 71, Челси 65, Арсенал 64, Тотенхем 62…

Мх.П.