Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд против Фулам ја забележа првата победа (3-2) во новата премиерлигашка сезона.


Фулам по три минути игра имаше предност од 1-0, благодарение на голот на Даф. Со дебитанските погодоци на Ван Перси и Кагава, Мен Ју го сврте резултатот а до крајот на првиот дел Рафаел зголеми на 3-1. Конечните 3-2 ги постави Видиќ кој постигна погодок во сопствената мрежа.

Резултати : Тотенхем – ВБА 1-1, Мен Ју – Фулам 3-2, Свонси – Вест Хем 3-0, Астон Вила – Евертон 1-3, Норвич – КПР 1-1, Саумптемтон – Виган 0-2.

Мх.П.