Со трите погодоци во неверојатниот триумфо од 8-1 на Холандија против Унгарија, Робин ван Перси стана најдобар стрелец во холандската репрезентација.
Тој на вечната листа го мина Патрик Клајверт, кој имаше 39 погодоци. Гол шоуто фудбалерот на Манчестер Јунајтед го започна во деветтата минута, а до крајот на мечот Ван Перси постигна три и го зазеде врвот со 41 гол во 80 настапи.
Холандија во квалификациите за мундијалот во Бразил освои 25 бодови во 27 натпревари и прва обезбеди пласман на СП од европските репрезентации. Во последното коло „лалињата“ гостуваат во Турција.
Мх.П.