Холандската машина за голови, Робин ван Перси до првиот трофеј во Премиер лигата стигна по првата сезона мината на Олд Трафорд. Претходно Холанѓанецот настапуваше осум години во Арсенал, а во Англија се пресели од екипата на Феенерод во Англија. 

Тој со хет трикот против Астон Вила донесе победа вредна титула и изби на чело од листата на стрелци.

– Ова го чекав долго, долго време. Чувството е одлично. Ова е клуб со фантастични играчи, кои сите по себе се шампиони. Ова е наша 20-та титула и многу сум среќен –
рече Холанѓанецот.

Во 35-та рунда Манчестер Јунајтед како шампион ќе гостува на Емирати, каде Ван Перси помина голем дел од фудбалската кариера.

– Оставетеме да уживам во овој момент. Знам дека патуваме кај Арсенал, но сакам да славам со моите соиграчи – заврши Ван Перси по мечот со Астон Вила.

Мх.П.