Манчестер Јунајтед го купи Робин Ван Перси од Арсенал за 24 милиони фунти. Робин Ван Перси (29) во наредните четири години ќе го носи дресот на “црвените ѓаволи“.
 

Холанѓанецот ќе треба да ги договори личните услови, како и да ги мине медицинските тестови пред да стави потпис на новиот договор.

Робин Ван Перси во Арсенал дојде во 2004 година за 2.75 милиони фунти. За Арсенал одгира 278 меч, и постигна 132 гола. Лани кога беше и избран за најдобар фудбалер постигна 37 гола во сите натпреварувања. Има само два трофеи и тоа двата во англискиот суперкуп во 2004 и 2005 година. Седум години нема освоено трофеј со Арсенал.

Трансферите од Манчестер Јунајтед во Арсенал се реткост во Англија.Последен кој од Арсенал се преселил во Мен Ју е Вив Андерсон и тоа во 1987 година. Во обратен правец во 2008 година замина Микаел Силвестре.

ohridnews