Претседателот на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски, на денешната прес конференција ги претстави кандидатите за пратеници кои ќе бидат носители на листите во изборните единици за парламентарните избори.

Носител во првата изборна едница ќе биде Слободан Близнаковски, поранешен градоначалник на општина Чаир и поранешен советник од ВМРО-НП во советот на град Скопје. Носител во втората изборна единица е Љупчо Балкоски, генерален секретар на партијата и поранешен министер за транспорт и врски. Претседателот на партијата, Љубчо Георгиевски за првпат ќе биде носител на изборната листа во изборната единица број 3.

Носител во изборната единица бр.4  ќе биде Ристо Пецев, правник од Струмица и член на ИК на партијата. Во изборната единица бр.5 носител ќе биде Ванчо Костоски, актуелен претседател на општинскиот комитет во Охрид. Носител во шестата изборна единица ќе биде Горан Лотески, актуелен претседател на општинскиот комитет во Гостивар.

OhridNews