Поранешниот директор на Агенцијата за перење пари Ване Цветанов, кој сега е во притвор како осомничен во таканаречената шпиунска афера, во писмо ипсратено до медиумите од неговата мајка Милева, се жали дека нема здравствена заштита.
Во писмото тој наведува дека и покрај барањето не му е овозможен преглед од лекар специјалист и реагира на условите во притворското одделение. Тој истакнува дека затворскиот лекар не му издал специјалистички упат, посочувајќи го лекарскиот третман во притвор полош од третман кон робови.
OhridNews