Коби Брајант и неговите долгогодишни ривали Кевин Гарнет и Тим Данкан обезбедија место во Куќата на славните во НБА лигата. Гарнет и Данкан присуствуваа на промоцијата додека недостасуваше Брајант кој на почетокот од оваа година трагично почина во хеликоптерска несреќа.

Во името на легендарниот кошаркар на „езерџиите“ се обрати сопругата Ванеса.

Се што оствари во кариерата го водеше до овој момент. Јасно е дека сакав и сакам тој да беше овде и со нас го прослав овој успех. Сите сме горди на него. Мала утеха во тешките моменти ни дава остварувањето на неговата цел како кошаркар. Тој сакаше да победува, да освојува титули и еден ден да биде дел од Куќата на славните. – изјави Ванеса.

Брајант вкупно 18 пати во кариерата беше дел од Ол стар викендот, пет пати ја освојуваше титулата, во два наврати беше најдобар стрелец а во 2007 и 2008 година беше одбран за најдобар кошаркар во лигата.

Во несреќата на 26 јануари покрај Брајант загина неговата ќерка Џиџи и уште седум други лица кои беа во хеликоптерот.

OhridNews